YetAnotherForum
Добрeдојдовте Пребарај | Активни Наслови | Најави Се | Регистрирај Се

Kolumni
intel
#1 Испратено : среда, 12 јануари 2011 00:40:51
Ниво: Newbie

Групи: Registered

Поврзани: 30.11.2009
Пораки: 4
Локација: Skopje
Беда и сиромаштија
ДА почнам со сиромаштијата или бедата. Хм. Поводот за оваа тема ми е посетета на бедната Демир Капија денес, или сепак да ја наречам сиромашна. Ајде вие како другари на крај одрете кој е сиромашен, а кој беден.
Всушност цел на посетата беше Попова Кула. Убаво место, со добро мени и добри вина. Не велам одлични. Затоа пак идејата за изградба на оваа винарија и начинот на кој функционира е една класа над виното таму, значи “многу добра“
Закажуваат туристи дегустација на неколку сорти вино со разно-разни сиренца и кашкавали, куленчиња, предјадење, главен оброк, десертче нели со соодветно винце и се по прпоис. Секако и цената. Ако сакате да преспиете - може. Фан сте на Вранец, одлично имате Вранец соба во Вранец стил, или Мерлот, секако и Шардоне.
“ Сиромашките “ што се треба да издржат па и да платат.
Но тоа не е се. Сакате семинарче, домашно, проектче, ова она, па да, тоа е правото место. Одиш службено, мораш !! И ич не те јаде јанза дека си на товар на државните пари. Што ти е гајле, ти се пружило - уживај. Заборави на газоза, растителен кашкавал и камп салама додека се твоите на власт. Овие вториве не знам дали да ги сместам во бедни или сиротички послушници, ама дефинитвно никој не им кажал да си носат LINEX.
Тука некаде си викам ај ти Интел виде што виде и додека се муваш овде оди си доле до градот кај што припаѓаш. Се симнувам во центар на Демир Капија да шетнам малку. Застанувам. Гледам лево-десно, жива душа не мрда. Маму му, ко нуклеарка да фркнала. Ај продолжив си викам да не има нов центар, не сум бил оддамна може преродбенициве го препородиле градов. Доаѓам до едно мостче пред кое има знак за натака со црвена стрелка. Ај го исчекав тракторот од спротива и поминувајќи на самиот крај забележав знак „ Ресторан Воденица „...у јеботе утоп се сторив. Веднаш строго десно и по едно патче со многу вирови стигнав. Погледот кон ресторанот беше нешто помеѓу „ леле рај „ и „ аууу страв и ужас „. Како колиба на некој волшебник, а зошто да не и вештерка. Но, паркирав и со неодлучни чекори тргнав "смело". Мал јаз преку кој поминуваш мостче од три чекори, дрвена капија со воденичко тркало од десната страна, убав зелен двор и стара крчма во него. Ја отварам вратата полека, ѕиркам внатре, и.....дежаву...растурен инвентар, многу стакло по подот, некоја музика на радио што не би можел да ја дефинирам во која група спаѓа ( народно ли е забавно ли е јебемлига) и една жена со дебела ролка најверојатно рачна изработка од најдебелата волница во регионот, бела престилка со црвени и жолти флеки, мини сукња нели, и чарапа - Букле. Сега следува суратот нормално, многу помада, црвен кармин и шминка како Тајсон лично да ја средувал.
Си викам, не, не се вратив во Смедеревска Паланка 1985, полека. Ми вика „ не работиме, шо треба„. Ништо ништо јас онака мислав кафе ако може, пријатно. Заминувам и ми довикува, после 8 работиме вчера имаше именден види таму во центарот има кафанааааа....
УХ, се враќам на место на експлозијата. Паркирам излегувам од кола и посматрам. Трафика - затворена, дуќанче едно кое би требало да е колонијал - затворено, подоле некоја продавница со разни тракатанци - затворена ама имаше сијалички што трепкаат во излог за разлика од сите други. Гледам една табла на која пишува Ресторан Гурман ??? Хе, ама темно внатре. Се приближувам да видам дали има работно време на вратата, кога некој од внатре излезе. Не му дозволив да ја затвори вратата и влегов. ЈЕБОТЕ пак дежаву. Црвен теписон, 10-тина маси, огромно ќумбе на дрва од 70-ти години, мирис на истурена манџа помешано со мирис на долго неиспрани завеси, овојпат ЛЦД еј....и цепа некоја програма од босанско српските кај што на 5 мин. се пушта жеља гледалаца. Харис, Лукас, Шемса. Ти ибам ко на железника станица во Босанска Крупа 86.
На една маса седат една женска и двјаца дечки. Првите луѓе што ги сретнав во градот. Ете го конобарот. Си викам добро е. Имало луѓе овде. Нарачав едно турско и го прашувам конобарот- младо дете 26-7 годишно. Што се случува овде, зошто ништо не работи ..???
Тој ми вика “ ете така е, лито...полито никогаш не било, ништо не работи освен таму некоја кофекција нешто ситно".
Ме праша од каде сум. Му кажувам од Скопје, а тој ми вели "ееее друг свет е тоа".
За момент го погледнав детето како да е мое, ми се згрутчи грлото, очите ми поцрвенеа. Едвај ги доголтав последните две голтки од кафето. Потоа го викнав и му побарав сметка...20 денари... и тоа фискална.... преродбеничка - патриотска " , повеќе чини трошкот за неа отколку кафето.
Заминав без да се завртам.
Се вратив горе во кулата кај оние што напорно работеа, сиромашките за грев, да ги жалиш колку се бедни во покорноста, додека оне доле во градот не работат ништо и само мрчат.
А туристите си заминуваат со мисла „ Демир Капија јееее ис вери најс, гууд вајн ...екселент............



Нека знае комитетот, нема Комитско ако ороводецот е Аспарух. К.П.Мисирков
Благородна Дулиќ од собраниската говорница рече: Вака ли ќе одите во ЕВРОПЕЈСКИОТ сојуз колеги од СДСМ.
Корисници кои ја гледаат оваа тема
Guest
Скокни  
Не Можете да поставувате нови теми во овој форум.
Не Можете да одговарате на теми во овој форум.
Не Можете да ги бришете вашите пораки од овој форум.
Не Можете да ги уредувате вашите пораки во овој форум.
Не Можете да креирате анкети во овој форум.
Не Можете да гласате во анкети на овој форум.

Theme by (SDSM)
Овозможено од {0} Верзија {1} YAF 1.9.403 beta | YAF © 2003-2009, Yet Another Forum.NET
Страницата беше креирана за 0,065 секунди.