23 години СДММ - опција за младите: Меѓуетничка толеранција
вторник, 04 ноември 2014, 16:46
Соопштение, 23 години – опција за младите, СДММ, Меѓуетничка толеранција
Почитувани,
Младите социјалдемократи од Струга и Гостивар денеска повикаа на меѓуетничка толеранција, почитување на различностите и соживот меѓу граѓаните.
Во централните подрачја на овие градови беа поставени паноа во вид на Facebook група, кои ги поттикнаа граѓаните да се вклучат во акцијата и да остават своја порака на тема: Меѓуетничка толеранција.
Заложбата на СДММ е да се срушат предрасудите, да градиме мостови на толеранција и мултикултурализам.
Во оваа Недела на социјалдемократија, под мотото 23 години – опција за младите, секојдневно ги промовираме вредностите кои се гаранција за соживот и просперитет.


