Заев со младите разговараше за Стратегијата

петок, 04 јули 2014, 14:42

Соопштение од денешната панел дебата на СДММ со претседателот на партијата Зоран Заев во Охрид


Почитувани,

„Политичката состојба во Македонија и позициите на СДСМ” беше тема на денешната панел дебата на Социјалдемократската младина на Македонија со претседателот Зоран Заев, во рамки на летниот камп што традиционално се одржува во Охрид.

„Живееме во вештачки конструирана средина, каде што  на свој грб, ги чувствуваат последиците од поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволството е присутно, дури и кај членовите на владејачката партија. Вие младите сте тие кои ќе бидат меѓу главните охрабрувачи, за враќање на нормалните вредности во оваа земја“ рече во обраќањето претседателот Заев.

Претседателот Заев говореше и за Стратегијата на СДСМ, за којашто деновиве се разговара и во општинските организации на партијата и со интелектуалната јавност и граѓанскиот сектор.

Младите дадоа поддршка за истрајност во политиките на вонинституционалното дејствување на опозицијата.

„СДСМ нема да отстапи од своите барања, а Стратегијата на СДСМ ќе понуди широк опсег на конкретни активности, што ќе бидат видливи за јавноста и во коишто ќе биде вклучена самата јавност. Основната цел е ослободување на Македонија од стегите на оваа власт. Општеството посакува промени”, посочи претседателот Заев.

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, се заблагодари на своите другари и сопартијци за решителноста и принципиелноста да се истрае во борбата против актуелната режимска власт.