Во периодот од 15 до 21 Септември во Бугарија се одржа шестата по ред интернационална програма за млади лидери од регионот на Југоисточна Европа и Црноморскиот регион. Во оваа програма учествуваа 12 млади социјалдемократи од Македонија (СДСМ), Хрватска (СДП), Србија (ДС), Босна и Херцеговина (СНСД), Црна Гора (ДПС), Бугарија (БСП), Грција (ПАСОК), Романија (ПСД), Украина (СДПУ) и Молдавија (ПДМ).
Младите лидери од регионот остварија повеќе средби на кои дискутираа за актуелните политички состојби во секоја од земјите и за прогресот на земјите на патот кон ЕУ. Тие се сретнаа со Сергеј Станишев, претседател на БСП и претседател на ПЕС. Потоа се сретнаа со министерот за надворешни работи, Кристиан Вигенин. Го посетија и националното собрание на Бугарија каде остварија средба со претседателот на собранието, Михаил Миков и со Илиана Малинова Јотова која е пратеник во ЕУ парламентот.
Учесниците беа во дводневна посета и на градот Ловеч кој се наоѓа во Северна Бугарија. Во тие два дена тие се сретнаа со градоначалникот на Ловеч, Минчо Казанџиев кој ги запозна младите на кој начин ги имплементира ЕУ проектите во неговата општина. Младите лидери остварија средба и со младината на БСП од општина Ловеч при што разменија искуства во однос на учеството на младите во креирањето на политиките како и активностите кои младинските организации ги превземаат во текот на предизборна кампања и надвор од неа.
Покрај официјалниот дел на програмата, младите лидери од сите земји разменија многу искуства и идеи стекнати во работата на младинските организации. Тие се сложија дека и во иднина ќе ја одржуваат меѓусебната соработка и ќе создадат една цврста мрежа на младите социјалдемократи од овој регион преку покани и учество на различни интернационални програми кои ќе се одржуваат во земјите од регионот.
