СДММ Штип и годинава со спортски турнири ќе го одбележи Денот на независноста

петок, 06 септември 2013, 14:17

Соопштение за јавноста на ЛК СДММ Штип

 

Почитувани,

Локалниот клуб на СДММ Штип и годинава со спортски турнири го одбележува Денот на независноста на Република Македонија, 8 септември.

Членовите на Локалниот клуб на СДММ Штип годинаваа организираа спортски викенд, во чии рамки ќе се одржат турнир во табла и турнир во баскет.

Турнирот во табла годинава ќе се одржи на шести и седми септември (петок и сабота), во просториите на штабот на СДСМ во населбата Осми ноември.

Натпреварите се со почеток во 17:30 ч., а сите членови и симпатизери на СДСМ, како и љубители на таблата, се поканети да ги проследат истите.

На самиот Ден на независноста, на 8 септември, ќе се одржи турнирот во баскет, кој има долгогодишна традиција. Турнирот ќе се случи во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, со почеток во 17:00 ч.

Ги покануваме сите наши сограѓани да го проследат спортскиот викенд и заедно да го одбележиме најголемиот државен празник.

Нека ни е честит и вековит 8 септември.

 

Штип, 06.09.2013 година

ЛК СДММ ШТИП