На ден 19.08.2013 година, Понеделник, во Градско се одржа регионален турнир во баскет (Streetball), во организација на Локалниот клуб на СДММ Градско.
Во рамките на овогодинешниот регионален турнир земаа учество 13 тимови составени од љубители на учичната кошарка од Градско, Кавадарци, Неготино и Велес и Росоман, меѓу кои и беа и тимовите на младите социјалдемократи од Неготино, Росоман и Градско чии играчи демонстрираа одлична и фер игра.
Пехарот го освоија домаќините од Градско, а на сите учесници на натпреварите им беа доделени благодарници за учеството на турнирот.

Сончевото време ги привлече повеќето убители на спортот и уличната кошарка да дојдат и да ги проследат натпреварите кои беа полни со жар и борбеност. Покрај високите августовски температури и големата борбеност и желба за победа од играчите, натпреварите поминаа во знакот на фер плејот и другарството, по што се препознатливи младите социјалдемократи.
Турнирот со поздравен говор го отвори претседателот на СДММ, Дарко Давитковски, додека пехарот на победничкиот тим му беше врачен од страна на потпретседателот на СДММ, Трајче Нешковски.
Атмосферата ја загреаа DJ Cox и DJ Petr Juélz со свој сетови, а за најави, коментар и координација од записничката маса се погрижи Филип Даскаловски.
Организаторите од ЛК СДММ Градско изразија уверување дека ќе се погрижат турнирот да прерасне во традиционален и да се одржува секоја година.