Соопштение – честитка по повод Меѓународниот Ден на младите
Почитувани,
ЛК СДММ Штип на сите млади штипјани им го честита Меѓународниот Ден на младите.
Годинава во фокусот на одбележувањето на овој ден се младите мигранти. Додека генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, повикува за унапредување на правата на сите млади мигранти, во нашата земја, во нашиот град, поважно е создавањето услови за остварување и подобрување на социјалната и материјалната состојба на младите, со цел спречување на нивно иселување.
Ситуацијата со иселувањето на младите е алармантна, како што, впрочем, денес посочи министерот за евроинтеграции Бесими, според кој од земјава се иселиле околу 230 илјади граѓани, или над 12 % од населението. Младинскиот потенцијал во Штип и Македонија можеме да го задржиме само со исполнување на младинските потреби и приоритети: квалитетно образование, одговорни влади, подобар здравствен систем, и најважно од сѐ - поголеми можности за вработување.
Сите активности во општинава и државава за остварување и подобрување на социјалната и материјалната состојба на младите и остварување на нивната функција во општеството се од наш врвен интерес.
ЛК СДММ Штип, како и до сега, така и во иднина, ќе се залага за креирање успешни младински политики, но и за активно учество на младите во одлуките и во изготвувањето на локалните политики.
Нека ни е честит Меѓународниот Ден на младите.
Штип, 12.08.2013 година
ЛК СДММ ШТИП