Организациониот секретар на СДММ Сенад Смаиловиќ ги посети младите на СДП БиХ во Илиџа, Сараево

среда, 19 јуни 2013, 18:22

На ден 16.06.2012 година, Недела, организациониот секретар на Социјалдемократската младина на Македонија, Сенад Смаиловиќ ја посети Општинската организација на Форумот на младите на Социјалдемократската партија на БиХ во Илиџа, Сараево.

Смаиловиќ во Сараево беше присутен како еден од учесниците во Школата за политика Вучко, а притоа своето присуство го искористи да го посети и подмладокот на СДП во Илиџа Сараево, каде што со присутните имаше прилика да размени искуства и размислувања во одност на актуелните политички состојби во Босна и Херцеговина и Македонија.

Повеќе за посетата можете да прочитате на следниот линк.