Младите од Кочани му нудат бесплатни совети на градоначалникот Димитровски

петок, 25 мај 2012, 11:00

Прес конференција, СДММ
Ристе Ѓорѓијев, портпарол на ЛК СДММ Кочани
Кочани, 25.05.2012 година

 

Почитувани сограѓани, на 22 Март оваа година (Ден на пролетта), ЛК на СДММ Кочани организираше акција под мото Пролетта дојде, но дупките останаа, чија единствена цел беше обележување на дупките кои се наоѓаат на улиците во нашата Општина. По извесно време од нашата акција, започна ваша акција. Асфалтирање на дел од главните улици во нашата општина.

Почитуван г-дине Димитровски, градоначалник во заминување, знаеме дека ги асфалтиравте улиците со цел добивање политички поени пред Локалните избори, но за среќа нашата акција, која беше окарактеризирана како бледа копија од страна на вашата младина, вроди плод. ЛК на СДММ Кочани секогаш ќе биде на располагање за било каков совет, за решавање на други проблеми, како овој, во нашата Општина. Но сепак жално е што секогаш некој претходно мора да ве потсети пред да направите нешто во нашата Општина.

Заради ова, од денес па натаму, ЛК на СДММ Кочани започнува една голема акција, во која ќе ги лоцираме, разгледаме и ќе доставуваме писмени и медиумски потсетници до вас, за сите проблеми во нашата Општина, а верувајте ги има многу.

Вие ќе добивате бесплатни совети од нас, затоа што ние се грижиме за проблемите на нашите сограѓани, а вашата младина нека се забавува, затоа што отсекогаш само тоа знае да го прави.