На ден 08.04.2012 година, недела, во просториите на општинската организација на СДСМ Охрид, на барање на младите социјалдемократи од оваа општина, членот на Централниот одбор на СДСМ проф. д-р Константин Петковски одржа предавање на тема „Лидерство и младите социјалдемократи во улога на идни лидери“.
Младите социјалдемократи од Охрид имаа прилика да се запознаат со принципите на лидерството и предизвиците со кои ќе се соочуваат како идни лидери кои ќе ја имаат одговорноста да носат одлуки во рамките на некоја конкретна организација или орган на јавната управа. Дополнително тие имаа прилика и да ги разгледаат стандардите на модерното лидерство, како и карактеристиките кои треба да ги поседува една личност со лидерски способности и квалитети.
Благодарение на покажаниот интерес и плодната дебата која произлезе од предавањето, професорот Петковски изрази подготвеност во соработка со Локалниот клуб на СДММ Охрид во наредниот период да реализира уште неколку обуки и предавања кои би можеле да им бидат од корист на младите во создавањето и градењето на лидерските вештини.