Mладите социјалдемократи од Кочани го одбележаа денот на шегата
понеделник, 02 април 2012, 13:42
На ден 01.04.2012 година, недела, младите социјалдемократи од Кочани го одбележаа денот на шегата. Во паркот на “Револуцијата“ во Кочани излегоа со транспаренти и пароли на кои беа испишани шеги за градоначалникот на Кочани и раководните структури во Општината.
Преку пораките кои беа испишани на транспарентите граѓаните на Кочани имаа прилика да се потсетат на ветувањата на градоначалникот и ВМРО ДПМНЕ кои до денес не се исполнети.


