Видео: „Министерска свадба“ - првоаприлска пародија на младите социјалдемократи од Неготино

недела, 01 април 2012, 17:59

На ден 01.04.2012, недела, Локалниот клуб на СДММ Неготино го одбележа Денот на шегата со пародија пред зградата на Општина Неготино. Младите социјалдемократи беа облечени како сватови кои го чекаа министерот за образование и наука, Панче Кралев да дојде по невестата, претходно ветена од неготинскиот градоначалник, Пане Трајков. На крајот разочарани од фактот што министерот не дојде, разочараните сватови и невеста си заминаа дома.