Изјава,СДММ
Дарко Давитковски, претседател
Скопје, 28.03.2012 година
Почитувани,
Поради неконтролираното поскапување на цените на горивото и скоро невозможниот транспорт, ја прашуваме владата на Груевски, како очекува да се одвива превозот на граѓаните?
Дали во стилот на преродбата и како „Али Баба“ очекува граѓаните да летаат на магичен килим, или, пак можеби оние посреќните кои имаат пари за велосипед, треба како Груевски да слушаат техно и побрзо да возат низ градот?
И дали поскапувањето на цените се должи поради фактот што владата на Груевски не сака да ја намали акцизата за горива затоа што така се финансира проектот Скопје 2014?
Епа господа, тука сме пред симболот на мизеријата, Триумфалната порта на Груевски, за да им порачаме да се откажат од ова лудило на недомаќинско трошење на народните пари и да ја намалат акцизата.
Македонските граѓани не можат економски да ја преживеат Македонија 2012, а не да го видат Скопје 2014.