На ден 26.03.2012 година, понеделник, во просториите на Општина Карпош се одржа трибина со членот на Извршниот одбор на СДСМ м-р Дане Талески, на тема „Иднината на младите во СДСМ” организирана од страна на Локалниот клуб на СДММ Карпош.
Трибината со свое воведно излагање ја отвори Претседателот на Општинската Организација на СДСМ Карпош. Тој накратко се осврна на работата на Локалниот клуб во изминатиот период, а воедно изнесе и сопствено размислување во однос на насоките во кои треба да се движат идните активности на младите социјалдемократи од Карпош.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ м-р Дане Талески најмногу се задржа на политиката на СДСМ кон младите и што партијата прави и ќе прави за подобрување на положбата на младите во македонското општество. Дополнително тој ги образложи сопствените видувања околу прашањата поврзани со тоа што очекуваат младите од СДСМ и на кои начини партијата може да придонесе кон подобрување на положбата на помладата популација во Република Македонија.
Во рамките на дискусијата беше отворено и прашањето за зголемување на застапеноста на младите на кандидатските листи за членови во Советите на општините во пресрет на претстојните локални избори. Дополнително младите социјалдемократи од Карпош отворија и дебата во чии рамки дискутираа за личните и партиските искуства во изминатите изборни циклуси.

