Оваа година младите социјадемократи од Штип го одбележаа доаѓањето на пролетта со идеи за подобар живот на сите млади луѓе во општина Штип.
Членовите на ЛК СДММ Штип поставија две паноа во централното градско подрачје.
На едното пано беа поставени идеите кои младите штипски социјалдемократи ги предложија пред Советот на млади на општина Штип.
На сите млади штипјани особено потребни им се: студентски град, спортски терени, нови мали сали за разни видови спортови, средношколски форум, културни и забавни манифестации по повод празникот на градот - 8 Ноември, реконструкција на Дом на млади и др.
Со денешнава акција им беше овозможено на сите граѓани на општина Штип да ги споделат нивните идеи за унапредување на квалитетот на живеење на младите штипјани. Тоа можеа да го сторат преку поставување на истите на паноата.
За да им посака убава пролет на своите сограѓани и за да им го разубави денот на традиционално качување на тврдината Исар, ЛК СДММ Штип на случајните минувачи им подаруваше сини балони.


