Младите од Центар донираа средства за децата од интернатот „Гоце Делчев“ во Љубанци

недела, 18 март 2012, 01:22

На ден 18.03.2012 година, недела, Локалниот клуб на СДММ Центар преку донирање на материјални средства ја поддржа иницијативата „Собир за донација за децата од интернатот ’Гоце Делчев’ од с. Љубанци“.

Овие деца беа заборавени од институциите, но не и од хуманите млади луѓе кои ја певземаа ваквата иницијатива. Згрозени од негрижата на надлежните институции кои префрлајќи си ја вината од едни на други неколку месеци наназад се однесуваат како децата од Интернатот „Гоце Делчев“ од село Љубанци да не постојат, младите социјалдемократи од Центар одлучија со сопствени средства да се приклучат кон оваа хумана иницијатива.

Младите советници на СДСМ во Општина Центар Кети Штерјова и Александар Цветаноски заедно со претставниците на Локалниот клуб на СДММ Центар Дарко Атанасоски и Нико Николоски ја предадоа донацијата составена од стари алишта, храна и финансиски средства на надлежните и изразија подготвеност доколку се јави потреба и понатаму преку донации да им помагаат на децата на кои во конкретниот случај ваквата помош им е најпотребна.