Минатиот викенд, на 10 и 11 март, Локалниот клуб на СДММ Карпош организираше турнир во мал фудбал кој се одржа во спортскиот центар Форца. На турнирот земаа учество екипите на локалните клубови на СДММ од Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Петровец, Кисела Вода, Центар, Чаир како и екипа составена од членовите на Секторот студенти при СДММ.
По одигрувањето на елиминациите во саботата, во неделата се продолжи со две полуфиналиња, меч за трето место и финале. Екипата на Петровец го освои на третото место, а во финалето екипата на Кисела Вода се натпреваруваше со екипата на Секторот студенти на СДММ каде што по извонредниот натпревар екипата на Кисела Вода го освои првото место на турнирот.

