Прес конференција, СДММ
Дарко Давитковски, претседател
Скопје, 12.03.2012 година
Почитувани,
Секој политички подмладок во Македонија треба да даде свој придонес за стабилизација на состојбите.
Бидејќи не можеме и не сакаме да стоиме на страна и да гледаме како Владата не успева преку државните институции соодветно да делува, брзо да ги расчисти досегашните и да превенира случување на нови инциденти со меѓуетничка димензија меѓу младите, СДММ денес излегува со конкретна инцијатива.
Предлагаме, веднаш, подмладоците на сите политички партии да седнеме и заеднички низ дијалог да изготвиме и потпишеме декларација со која најостро ќе го осудиме насилството меѓу младите.
Наша одговорност е да испратиме јасна, силна и заедничка порака дека, за нас како политички подмладоци врвен приоритет е соживотот, толеранцијата, меѓусебното разбирање и почитување, без разлика на половата, верската, етничка и политичка припадност.
Во вакви кризни моменти, имаме обврска да покажеме дека можеме да ги надминеме партиските и идеолошки разлики, да излеземе од тесно партиските интереси, заради иднината на државата и генерации кои доаѓаат.
Затоа во оваа прилика ја информира јавноста дека предлог - текстот за декларацијата ќе го доставам до претседателите на сите политички подмладоци и ќе им предложам во петок во салата на Градското собрание во Скопје да се сретнеме да го утврдиме конечниот текст на декларацијата и да го потпишеме.