„Малите нешта на љубезност и совесност на жената го прават светот пубаво место за живеење"

четврток, 08 март 2012, 16:47

Локалниот клуб на СДММ во Гази Баба по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март организираше акција за делење на флаери надополнети со ружи направени со рачна изработка.

Оваа акција беше спроведена на неколку локации во општината каде беше испратена пораката „Малите нешта на љубезност и совесност на жената го прават светот пубаво место за живеење".  Акцијата беше примена со многу позитивни реакции од  локалното население.