СДММ Струмица со акција под мотото „Од срце направено, со љубов подарено“
четврток, 08 март 2012, 16:32
Денес, по повод 8ми Март - Меѓународниот ден на жената, Локалмиот клуб на СДММ и на Жени при Општинската организација на СДСМ во Струмица организаираа акција на делење на подароци за припадничките на понежниот пол.
Под мотото „Бидете секогаш убави и нежни, бидејќи Вие сте она што не тера секое утро да стануваме со мислата дека има за што да се живее! Од срце направено, со љубов подарено“ младите социјалдемократи заедно со Клубот на Жени подарија рачно изработени украси за коса во форма на цвет и ја преплавија Струмица со љубов, насмевки, позитивно расположение и достоинствено го одбележаа празникот на жената.

