Во рамките на тековните активности на СДММ, во текот на изминатиот период беа завршени изборните конференции во следниве локални клубови: Тетово, Неготино, Карпош, Бутел, Кочани и Аеродром.
Во редовна постапка на одделни конференции беа реизбрани следниве претседатели на Локалните клубови на СДММ: Мартин Донев во Бутел, Жика Алексовски во Тетово и Марин Алексов во Карпош.
Дополнително, Марко Данилоски беше избран за претседател во Аеродром, Александра Андова во Кочани и Дане Мајсторчев во Неготино.
Со изборот на претседатели, избрани се и членовите на извршниот и надзорниот одбор на локалните клубови.