Младите социјалдемократи од Гази Баба дебатираа за актуелната политичка состојба
петок, 24 февруари 2012, 02:51
На ден 23.02.2012 година, Четврток, во организација на Локалниот клуб на СДММ Гази Баба се одржа трибина со претседателот на СДММ Дарко Давитковски.
Во своето излагање претседателот Дарко Давитковски се осврна на актуелната политичка ситуација во државата и местото на младите како движечка сила во ова општество, а воедно и како младите да го подигнат својот глас и да се изборат за своите права.
По краткото излагање присутните имаа прилика да развијат дискусија во рамките на која беше истакнато дека од исклучително значење е максималното искористување на кадровскиот потенцијал на младите во пресрет на следните локални избори.

