Извадок од говорот на пратеничката Тања Томиќ, трето продолжение на седница бр.85 на Собрание на РМ
Јас ќе се надоврзам на оваа небулоза која што говореше колегата Стојановски и ќе го отворам делумно прашањето за работите кои што беа напишани во таа национална програма за железничка инфраструктура 2014-2016. Која што владата ни ја достави засновано претпоставувам на вакви небулозни предлози од страна на институциите кои што всушност агенцијава треба да ги контролира. Имено во оваа програма не беа точно напишани. Стои дека е реализирано поставување на информациони систем за управување со инфраструктура, меѓутоа она што е точно е дека тој е инсталиран, меѓутоа никогаш не профункционира.
Само во периодот од 2009 до 2011 година продадени се 1700 тони шини, како старо железо бидејќи е тоа, на тој начин е по евтина цената отколку да се продаваат како поволни употребливи шини. Да не говориме за фактот дека можеа истите да се употребат на некои од споредните колосеци. Меѓутоа заради интересот кој што го имаше раководната структура во Македонски железници истите беа продадени како старо железо.
Македонски железници не покажува грижа за безбедноста ниту на патниците, ниту на вработените кои што работат таму. Имено заради немањето на средства иако се расфрлаат делумно на не потребни работи МЖ транспорт се одлучува во 2012 да не набавува нови кочиони папучи, туку ги монтира старите, поправени и на тој начин директно ги загрозува и животите на луѓето кои што работат таму, меѓутоа и животите на патниците кои што секојдневно го користат железничкиот транспорт.
Наместо да треба директорот на агенцијата да се грижи за тоа да Македонски железници ги спроведува на време обврските кои што ги има и кон вработените и кон патниците. Директорот на агенцијата ќе треба да се подготвува и да учи за еден куп тестови кои што му ги наметнувате со оваа измена на законот, а кои што никако нема да влијаат на начинот на кој што си ја обавува својата функција, а уште помалку ќе влијаат на начинот на кој што ќе си ја обавува и својата функција, а уште помалку ќе влијаат на политичката волја.
Се надевам дека сте свесни дека рекламине кои што ги пуштате по телевизиите, дека еден вработен во администрација на која врата и да тропнете мора да ви заврши работа и да ве однесе до местото кое што ви е потребно, не е вистината во Македонија дека во администрацијата нема вистинска врата на која што ќе можете да си завршите работа. И се надевам дека ќе добиете конечно волја да вистински ги решавате проблемите и да вистински работите на зголемување на ефикасноста на администрацијата.