Диневски: Што ќе се случи ако во рок од 6 месеци еден раководител не го положи психолошкиот тест?

петок, 21 февруари 2014, 17:26

Извадок од говорот на пратеникот Менде Диневски, второ продолжение од седница бр.85 на Собранието на Република Македонија.

Со внимание го слушав излагањето на заменик министерот, а повторно никако да даде соодветно образложение зошто на оваа седница по скратена постапка предлагате 120 закони?

Иако тврдите дека истите измени не се обемни, се по скратена постапка, дека можат да се разгледаат на ваков начин.

 

 

Вие сакате и вие сакате како заменик министер и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборувате за се друго во државата освен за законот. Бидејќи дававте коментари во однос на полагањето на психолошкиот тест и тест на интегритет, да речеме има одредени законски решенија во кои вие предлагате човекот кој го назначувате за раководител или директор, не е битно за што, за одредени професии во самата постапка за избор на директор да има, да приложи документ дека има положени психолошки тест и тест на интегритет, а во други закони предлагате тој документ да го предложи на пример за 6 месеци. Образложението тогаш се работи за Законот за пресадување на делови од човековото тело, видете, ќе видите таму како е регулиран овој дел.

И на прашањето зошто предлагате да дотичниот раководител на пример, има положено психолошки тест и тест за интегритет, од страна на претставниците на Министерството за здравство, ни беше кажано дека е премногу скапо, да човек кој конкурира го има приложено тој тест и добро ќе биде од кога ќе го вработите како директор или како раководител, во рок од шест месеци истиот тест да го приложи.

Сакам да ве прашам што ќе се случи со еден раководител, како што е примерот со законот за кој ви спомнав, ако во рок од шест месеци не го положи овој тест? Ќе го разрешите директорот?

Втората работа, дали директорот или раководителот, кој во рок од шест месеци ќе носи одлуки, а притоа не го положи психолошкиот тест ќе го повикате на одговорност?

И трета и најбитна работа, дали за шесте месеци за кој земал плата или земал додаток, вие со закон предвидувате истите пари да ги врати?

И на крајот на краиштата, дали таквите одлуки кој тој човек ќе ги донесе ќе бидат во интерес на граѓаните или против граѓаните?

И кога ќе предлагате во исти ден 120 закони, тогаш треба да ги земете во предвид сите законски мерки кои се однесуваат на оваа промена за да бидете конзистентни во вашиот став, бидејќи ниту сте конзистентни, ниту имате претстава што предлагате и што барате.