Марачков: Денес во Македонија извозот на храна е двојно помал од увозот

четврток, 20 февруари 2014, 21:26

Извадок од говорот на пратеникот Саве Марачков, седница бр. 85 на Собранието на РМ

 

Би сакал да констатирам дека убедливо најмногу измени има токму во законите кои го регулираат државното земјиште во Република Македонија кои мора и да истакнат дека претставува еден ограничен ресурс кој припаѓа на сите граѓани. Рекордно најмногу измени има токму во законот за земјоделското и законот за градежното земјиште. Во законот за земјоделското земјиште за само 2 години има направено 7 измени, денес расправаме по 8мата негова измена. Така да пракса и во ова собрание стана да најсуштинските закони се носат без никаква анализа и стратешка цел , без никаква анализа за ефектите од нивното спроведување без анализа се имплементираат во реалноста и без долготрајна одржливост.

 

 

Состојбата на земјоделието се доведе на дереџје да за само 3 години има 21 илјади и 500 помалку индивидуални стопанства кои денес обработуваат скоро 16 илјади хектари помалку земјоделско земјиште. Земјоделието се карактеризира со раситнето земјоделско земјиште и екстензивно производство, не конкурентен и не организиран пазар на земјоделските производи, извозот на храна е двојно помал од увозот на храна, нема видливи резултати во прилагодувањето на конкуретноста на Македонскиот земјоделски производ и на крајот, вкупното земјоделско обработливо земјиште, вкупните земјоделски обработливи површини се намалени за околу 30%.

Вака како што е, носењето на вакви голи и избрзани измени во законот за земјоделско земјиште, без никакви стручни податоци, без никаква стручна анализа, без никакво претходно искуство, врз основа само, за жал, на податоци од интернет, ве уверувам дека уште на самиот почеток криво поставената работа, нема да резултира со позитивни резултати.