Претседателот Заев се сретна со амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ

четврток, 04 февруари 2016, 15:50

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со амбасадорот на  Црна Гора во Македонија, Предраг Митровиќ.
 
Се зборуваше за актуелната состојба во земјава, како и продлабочувањето на соработката помеѓу Црна Гора и Македонија, пред се на економски план.
 
-Во Македонија политичката ситуација ќе заврши на предвремени парламентарни избори коишто ќе бидат фер и демократски. На такви избори ќе се случат промените, рече претседателот Заев и додаде дека само на тој начин Македонија ќе биде стабилна и слободна држава.
 
Претседателот Заев и амбасадорот Митровиќ заеднички се согласија дека и политичката ситуација во Црна Гора има сличности и дека искуството од Македонија може да допринесе за решавање на одредени отворени прашања.
 
Односите помеѓу Македонија и Црна Гора, како две независни држави, беа оценети како добри и пријателски но потребни се дополнителни напори за продлабочување на соработка на економски план.
 
-Македонија и Црна Гора немаат отворени прашања. Оваа соработка како на политички, така и на еконосми план треба да продолжи, да се негува и да се продлабочува, рече амбасадорот Митровиќ.
 
-Само преку градење и негување на меѓусоседските односи нашиот регион може да се движи напред, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.


04.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА