Наумов во овчеполието: И земјата и парите ќе ви ги вратат

четврток, 04 февруари 2016, 14:43

Соопштение за јавност


За да преживее овчеполието земјата мора да се врати на вистинските земјоделци, апелираат жителите во Свети Николе.

Кажуваат дека се доделува државно земјиште по партиска линија, дека луѓето земјоделци аргатуваат за дневници со коишто не можат да си го прехранат семејството во текот на денот.

Со нив разговараше претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов, кој заедно со   претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Мирослав Вујиќ беше во посета на Свети Николе.

-Земјата ќе ја вратиме кај вистинските земјоделци, кај вас, работливите луѓе и граѓани, им рече дополнителниот заменик министер за финансии Наумов.

Жителите од село Црнилиште, во 21 век немаат пат, немаат канализација. Знаат тие дека само со една четвртина потрошени народни пари за еден споменик во Скопје, можат да се решат основните комунални потреби на целото село, но власта не го прави тоа.

Жителите на село Мустафино низ очај прават споредба дека тие живеат во незапаметена сиромаштија, без леб, додека трње ја обраснува земјата што Груевски му ја даде на криминалецот Субрата Рој.

-Случајот со Субрата Рој е само еден пример на виртуелна инвестиција којашто не само што не им помогна на граѓаните на Македонија туку им нанесе штети. Власта на Груевски дава милиони евра народни пари како државна помош на компании што ќе дојдат во Македонија, ќе ги земат парите и ќе си заминат. А за тие пари да отидат на сметките на виртуелните странски инвестиции на Ставрески и Груевски, тие ги задолжуваат граѓаните. Ставрески почна да прекршува закони за да ги покрива задолжувањата, но тие веќе не се кријат, рече Наумов.

Во обраќањето во Свети Николе тој порача дека оваа власт заминува, но дека парите што ги украдоа од граѓаните, ќе мора да ги вратат.