Груевски е вистински газда на режимските медиуми

четврток, 04 февруари 2016, 13:14

Прес конференција,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 04.02.2016

Почитувани граѓани,

Од овде, од парцелите на Никола Груевски на Водно, ќе објавиме како парите на граѓаните завршуваат во медиумските курири и зошто.

 

Според официјалните документи на Централен регистар неделникот ‘Република’, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години.

Идентично како и милонските исплати, тешки 13 милиони евра, за Сител, Канал 5 и Алфа, и во „Република“ за период од три години завршиле речиси 900 илјади евра, пари на граѓаните.

Документите го потврдуваат тоа. Ова се исплати на пари од Владата кон „Република“ од 871.487 евра!

Овој документ пак покажува дека сопственик на Прва Република ДООЕЛ е „Ирсине лимитед“ од Белизе, познатиот даночен рај на фамилијата и Никола Груевски.

Кога е Белизе во прашање доаѓаме до клучното, оваа фирма, сопственик на Република, се наоѓа на иста адреса со познатата компанија „Сирах лимитед“.

Улица 1 1/2 Мајлс Нортен Хајвеј, Белизе.

Вистината за Македонија откри дека „Сирах лимитед“ беше фирмата преку којашто Груевски доаѓаше до овие парцели на Водно, за коишто нарачуваше промени на урбанистичките планови, потрпорни бетонски ѕидови….

Управител на Сирах е Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак.

Сега е уште појасно, затоа 55 дена молчи Никола Груевски, за милионите на неговите Курир, Република, Радио Слободна Македонија, а молчеа и институциите.

Медиумскиот мрак, пропагданата, виртуелната реалност што не постои е платена со парите на граѓаните.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не го прифаќа европски закони за медиумите.

Ова е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес.

 

Скопје, 04.02.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА