Еве зошто Никола Груевски не прифаќа европски закон за медиумите

четврток, 04 февруари 2016, 11:48

Соопштение за јавност

Цели 10 години провладините медиуми ги лажат граѓаните, наместо да ја соопштуваат вистината. Ги трујат граѓаните со виртуелна реалност што не постои додека речиси пола Македонија се исели, а мнозинството од неиселените, живеат во незапаметена сиромаштија досега!

И додека над 180 илјади граѓани живеат се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, за три години во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Молкот на Сител, Канал 5 и Алфа за катастрофалните состојби во државата е платен со вртоглави милионски суми пари на граѓаните.

Резултатите од мерењата на прилозите коишто се пласираат во јавност се запрепастувачки.

Имено, за период од десет дена, 21.01 до 31.01.2016 година, емитувани се позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5 во времетраење од 7.748 секунди, на Сител 11.917 секунди, Алфа 3.976 и МРТ 5.203 секунди.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема.

Дополнително, емитувани се негативни прилози за СДСМ на Канал 5 во времетраење од  4.633 секунди, на Сител 10.154 секунди, на Алфа 3.407 и на МРТ 486 секунди.

Позитивни вести за СДСМ на Канал во времетраење од 5.525 секунди, на Сител 19 секунди, на Алфа не се емитувани позитивни вести, додека на МРТ 285 секунди.

Медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки се платени со пари на граѓаните.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа европски закони за медиумите.

Скопје, 04.02.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА