Владата веднаш да ја поништи одлуката за продажба на Офицерски дом - Битола

среда, 03 февруари 2016, 16:18

Прес конференција,
Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација
Скопје, 03.02.2016

Почитувани,

Промените почнаа, граѓаните одлучно застананаа во одбрана на своите права и назад нема.

 

Тоа го покажаа битолчани на дело при обидот на Груевски да го продаде Офицерскиот дом во Битола.

Офицерскиот дом Битола има статус споменик на културата од 1977 година, има историска вредност, архитектонски вредности, има големо значење за локалната заедница во Битола и за Република Македонија.

Со Законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, којшто за жал има одложена примена од 08.10.2016 година, Офицерскиот дом во Битола ќе се вреднува како културно наследство.

Според член 51 од тој закон, културното наследство од особено значење во државна сопственост не смее да се отуѓува!

Власта се обиде да го искористи еве овој правен вакуум за да го продаде објектот, но Груевски мораше се повлече откако ја виде одлучноста на битолчани кои остро се спротивставија.

Усната изјава со која Груевски се повлече од продажбата на Офицерскиот дом ништо не значи бидејки на овој човек не може да му се верува, а и тој повеќе не ниту премиер, ниту во извршната власт.

Од тие причини, како претставник во Владата од опозицијата, и по потекло од Битола, со цел максимално да дадам поддрка на своите сограѓани, до Владата поднесов Барање:

1. Владата на Р.Македонија веднаш да ја поништи одлуката објавена во Службен весник за продажба на објектот на АРМ во Битола, познат како Офиерски дом

2. Офицерскиот дом во Битола, да се даде на користење на Битола и битолчани

3. Да се издвојат потребните финансиски средства од Буџетот на Р.Македнија, ова ќе биде побарано и од општина Битола, за реконструкција на Офицерскиот дом Битола.

Како битолчанец и како граѓанин кој си ја сака својата земја и културното наследство, ќе присуствувам на протестот денеска во 18 часот во Битола од којшто јас, пратениците од Битола, опозицијата, демокртаската јавност, заедно со граѓаните ќе ја испратиме пораката дека дојде крајот на недомакинската власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Дојдете и вие!

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ можат веќе само да сонуваат дека ќе го раскрчмуваат народниот имот!