Медиумските курири молчат, затоа што медиумски мрак е платен со народни пари

среда, 03 февруари 2016, 12:05

Соопштение за јавност

Стана јасно зошто точно 51 ден молчат Курир, Република и Радио Слободна Македонија од кадеим се милионите евра на нивните сметки, а молчат и институциите.

Медиумскиот мрак во Македонија, пропагандата, медиумските хајки се платени со пари на граѓаните.

13 милиони евра, пари на граѓаните, Никола Груевски во само три годни ставил на сметките на телевизиите под негова контрола, Сител, Канал 5 и Алфа.


Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се симнуваат од екраните на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа.

Уште позастрашувачки е фактот дека ден по трагичниот инцидент во Куманово на 9 мај, Груевски и неговите соработници во власта на Сител, Алфа и Канал5 префрлиле 2.600.00 евра народни пари.

Дали со тие пари се криело нешто и оркестрирано се лажеле граѓаните дека некој подготвувале дестабилизација на Македонија, иако информациите подоцна открија вмешаност токму на високи владини функционире?

Ова е класичен пример како Груевски преку своите курири креира лажна реалност и шири пропаганда.

Јасно е сега од каде се приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617 илјади евра на Радио Слободна Македонија и за што се наменети овие народни пари.

Затоа, без да се обезбедат услови за објективен и фертерен за натпревар, не се можни фер и регуларни избори.

Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Македонија.

Новата Влада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински и информирани граѓани може слободно да носат одлуки за иднината на својата држава.

 

Скопје, 03.02.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА