Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април

недела, 31 јануари 2016, 20:44

Соопштение за јавност



Никола Груевски призна дека треба и мора да има фер и демократски избори.

Но, во паника од соочување со одговорноста за криминалното владеење во изминатите години, Груевски уште еднаш потврди дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори.

Да не се плашеше од фер избори Груевски немаше да ја кочи имплементацијата на клучните сегменти од Договорот од Прижино и ќе прифатеше прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.

Вака само го потврдува она што секој граѓанин на Македонија го знае, дека Никола Груевски не сака слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби.

За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори.

Да. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април.


Скопје,  31.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА