(Видео) Сугарески: Овој закон е потврда дека странските инвестиции заминуваат од Македонија

петок, 11 декември 2015, 15:55

Вложеното кое што го направила државата споредено со она што го добила, апсолутно нема никаква логика. И затоа после 10 години ваше владеење голема е лага дека вие создадовте некој голем амбиент за странските инвеститори. Вие правите со овој закон само еден одличен амбиент фамилијата се повеќе и повеќе да се збогатува, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за странците на 82-та седница на Собранието на РМ