(Видео) Стојчевска: Извештајот е потврда дека го допревме дното

понеделник, 07 декември 2015, 18:02

Забелешките на ЕК за состојбата на Македонија се бројни и се однесуваат на речиси секој дел од државниот систем: Влада, судство, економија, меѓуетнички односи, борба против корупција, почитување на човекови права и на слобода на медиуми., рече пратеничката Мира Стојчевска во однос на Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија