(Видео) Дескоска: Извештајот ја потврди Вистината за Македонија
понеделник, 07 декември 2015, 16:03
Проектот Вистината за Македонија или бомбите на Заев, всушност ја открија вистинската слика за власта. За власта Извештајот е како сликата на Доријан Греј. Многу сличности има помеѓу власта и Доријан Греј. Се сеќавате дека станува збор за човек којшто си ја продава душата во замена за вечна младост како што многумина од власта си ја продадоа душата за подолготрајна власт, рече пратеничката Рената Дескоска во однос на Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија