(Видео) Митрески: Извештајот е огледало на лошата состојба во државата
понеделник, 07 декември 2015, 13:44
Скандалот со неовластено следење на комуникациите е вина на високи владини функционери и истиот открива нарушување на основните права, мешање во работата на судството, нарушување на слободата на медиумите, изборни неправилности, партизација и корупција, рече пратеникот Јован Митрески во однос на Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија