(Видео) Орцев: Прибе во кратки црти ја соголи власта на Груевски
петок, 04 декември 2015, 17:49
Првата задача е да организираме фер и демократски избори во април 2016 година. Втората задача, која што е уште потешка и која што требаше досега да биде завршена е да спроведеме ургентни реформи коишто се однесуваат речиси на сите сектори, сегменти од функционирањето на нашата држава рече пратеникот Панче Орцев во однос на Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија