(Видео) Дескоска: Груевски, колку животи треба да згаснат за да понесете одговорност?
четврток, 29 октомври 2015, 12:53
Пратеничко прашање на пратеничката Рената Дескоска, на 72-та седница на Собранието на Република Македонија
- Дали со тоа што досега не сте побарале оставка од Никола Тодоров или на ова Собрание не сте му предложиле да го разреши, покажувате дека тој е само извршител на вашите погрешни политики кои создадоа хаос во здравството?
- Уште колку човечки животи треба да згаснат за Македонија да добие компетентен министер за здравство?