E - Информатор

Активности

Колумна, 28.04.2012 г., Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски Не знам дали ќе може новиот бран да ги испере глупостите на власта, но знам дека на народот му е потребно цунами кое ќе ги прочешла членовите на Владата од прв до последен   Повеќе

По повод денот на книгата, младите социјалдемократи од Струмица, денес донираа книги на штитениците од Заводот за рехабилитација од Бања Банско и учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса   Повеќе

На ден 22.04.2012 година, недела, Локалниот клуб на СДММ Аеродром организираше работилница на тема „Основи на младинското политичко делување“. Во рамките на оваа работилница поранешниот потпретседател на СДММ м-р Александар Кирацовски преку интерактивна дебата и вежби ги запоззна младите од Аеродром со методите и техниките на подготвувањето на точна и јасна стратегија на младинското политичко делување   Повеќе

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на ден 14.04.2012 година, Сабота, СДММ реализираше хуманитарна акција за собирање на стара облека, прехранбени продукти и парични средства кои во текот на претстојните неколку дена ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства во повеќе населени места низ Македонија   Повеќе

На ден 14.04.2012 година, сабота, во организација на младите социјалдемократи од Македонска Каменица беше одржан турнирот во мал фудбал. Турнирот се одржа во спортската сала во Македонска Каменица во која имаа прилика да се натпреваруваат екипи од 6 Локални клубови на СДММ од Источниот регион: Виница, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево и Штип   Повеќе

Колумна, 14.04.2012 г., Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски Во оваа земја на чудата повеќе ништо не може да не’ изненади. Со оваа власт и со пропагандните методи кои ги користи, ниту едно чудо не е невозможно. За жал во целата оваа трагикомична ситуација останува да се помолиме во иднина оние позитивните чуда да ни се случуваат почесто на сметка на „чудата“ кои се јавуваат како последица на владеењето на режимот на ВМРО ДПМНЕ   Повеќе

Младите социјалдемократи од Охрид имаа прилика да се запознаат со принципите на лидерството и предизвиците со кои ќе се соочуваат како идни лидери кои ќе ја имаат одговорноста да носат одлуки во рамките на некоја конкретна организација или орган на јавната управа. Дополнително тие имаа прилика и да ги разгледаат стандардите на модерното лидерство, како и карактеристиките кои треба да ги поседува една личност со лидерски способности и квалитети   Повеќе

Сувенирите од владеењето на ДПМНЕ кои беа претставени во оваа пародија се состоеја од 300% поскапиот данок на имот, за 40% поскапата вода за пиење, скршените бандажи на возилата, кои граѓаните ги добија како сувенир од дупките кои ги има на секој чекор на улиците   Повеќе

На ден 01.04.2012 година, недела, младите социјалдемократи од Кочани го одбележаа денот на шегата. Во паркот на “Револуцијата“ во Кочани излегоа со транспаренти и пароли на кои беа испишани шеги за градоначалникот на Кочани и раководните структури во Општината   Повеќе

Видео од првоаприлската пародија на младите социјалдемократи од Кисела Вода „Дупка до дупка“   Повеќе

Претходни      9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28    Следни

СДСМ