E - Информатор

Активности

На ден 25.08.2012 година, Сабота, на плоштадот во Градско беше реализирана акција на делење на летоци против поскапувањето на цените и влошувањето на животниот стандард на граѓаните. На тој начин младите од оваа општина го изразија својот револт против поскапувањето на струјата и укинувањето на ефтината тарифа, поскапувањето на вода, бензин, нафта, плин, масло за јадење, јајца, шеќер, брашно, леб, млеко, месо и се останато   Повеќе

На ден 22.08.2012 година, среда, Локалниот клуб на СДММ Неготино одржа трибина на тема „Чекори до успешна политика на младите на локално ниво“ со кандидатката за градоначалник на Неготино, Доц. Д-р Силвана Филипова   Повеќе

Денес Локалниот клуб на СДММ Неготино организираше пародија по повод ветениот, а неостварен проект на градоначалникот на Неготино, Пане Трајков, иградба на базан кај СРЦ Младост во Неготино. Младите социјалдемократи се обидоа да се искапат во базенот кој градоначалникот Трајков го ветуваше пред да го добие својот мандат на Локалните избори во 2009 година   Повеќе

Знаеме дека во државната каса има пари за реклами, затоа што тие го преживеаја ребалансот на Буџетот. Владата троши 10 – 15 милиони евра годишно за оваа намена. Време е овие пари да се насочат за помош на сите граѓани. Во рекламни спотови на власта и онака веќе никој во Македонија не верува   Повеќе

Колумна, 12.08.2012 г., Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски Се’ потрошија, 60 милиони евра за проект „компјутер за секое дете“ без притоа и да се направи најмала анализа каде, на кого и колку компјутери се навистина потребни.Тие пари можеа да бидат употребени да се направат проекти, да се тргнат младите од улиците. Да се формираат дневни центри и волонтерски активности кои во летниот период на младиот човек ќе му понудат да заработи некој...   Повеќе

Колумна, 21.07.2012 г., Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски СДММ и понатаму ќе предлага решенија кои ќе значат подобрување на животот за сите граѓани. ќе продолжи да работи на политичко едуцирање и активирање на младиот човек во општествениот живот, бидејќи тоа е за заедничкото добро на сите. Тоа сме го правеле и од позиција на власт и од опозиција, бидејќи покажавме дека знаеме да инспирираме младински идеи за подобро утре   Повеќе

Во рамките на програмата ќе бидат опфатени различни содржини од едукативен и социјален карактер блиски на социјалдемократската идеологија, а како предавачи ќе учествуваат истакнати членови на организацијата и врвни политичари од регионот   Повеќе

Посетите и донациите за социјално најзагрозените преминаа во традиција на младите социјалдемократи низ Македонија. Во таа насока СДММ предвидува повеќе посети од ваков карактер со цел да им се помогне на што повеќе социално-загрозени семејства кои заборавени од власта живеат на работ на егзистенцијата   Повеќе

Младите прилепчани и идниот градоначалник на Прилеп ја демонстрираа силната волја и подготвеност да се соочат со проблемите со кои секојдневно се среќаваат жителите на општина Прилеп   Повеќе

Во периодот од 04 до 07 јули 2012 година, во Охрид традиционално беше одржан Младинскиот летен камп во организација на СДММ во соработка со Институтот за социјална демократија „Прогрес“, а поддржан од Фондацијата Алфред Мозер од Холандија   Повеќе

Претходни      4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23    Следни

СДСМ