E - Информатор

Активности

Повик за учество на летниот камп на СДММ 2015 година

Социјалдемократската младина на Македонија, во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално ќе организира летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 2 до 5 јули 2015 година.

Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи. Учесниците ќе бидат поделени во три работни групи на дадените теми:

- Предизвици и перспективи на социјалдемократските младини од Западен Балкан
- Избори
- Човекови права и фундаментални слободи

но и ќе добијат конкретна и специјално дизајнирана обука од областа на ПР-от и политичката кампања со цел зголемување на нивното индивидуално знаење и вештини.

Традиционално, гостин на летниот камп ќе бидат претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев како и други претставници на партиското раководство.

Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од Македонија

Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:

- да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 26 години
- да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период
- да не учестувале на претходните летни кампови организирани од СДММ и       Прогрес Институт за социјална демократија
- да испратат CV и партиска биографија

Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот
е-mail: letenkamp2015@gmail.com, најдоцна до 21.06.2015.

Напомена: Само избраните кандидати ќе бидат контактирани. Трошоците за сместување, редовни оброци и превоз се на сметка на организаторот. Присуството на сите предавања на семинарот е задолжително, во спротивно учесниците сами ќе треба да ги подмират трошоците за сместување, редовни оброци и превоз.

 

 

понеделник, 15 јуни 2015



СДСМ