E - Информатор

Активности

Традиционален градски турнир во баскет на СДММ

 

Денес, младите социјалдемократи од Аеродром го организираа традиционалниот градски турнир во баскет, што секоја година се одржува во Скопје.

Преку овие активности, СДММ во континуитет ги промовира вредностите за спортување, фер плеј и другарство.

На турнирот учествуваат екипи од сите локални клубови на СДММ во Скопје. Покрај меѓусебните натпревари по групи, се одржа и натпреварување во слободни фрлања и тројки.

Победник на турнирот е екипата на ЛК СДММ Гази Баба. Второто место го освои екипата на ЛК СДММ Кисела Вода, додека третото место му припадна на ЛК СДММ Аеродром.

Во натпреварувањето во слободни фрлања победи Жарко Димовски, а во натпреварот во тројки - Драган Баварчиќ.

 

 

 

сабота, 20 септември 2014



СДСМ