E - Информатор

Активности

Груевски и Иванов нека поминат една ноќ во Стив Наумов

Изјава за медиуми, СДММ                                                                                     
Елвир Шавановиќ, член на ИО на ЛК СДММ Центар                                                   
Скопје, 01.10.2014 год.

Почитувани,

Се наоѓаме пред студентскиот дом Стив Наумов. Тој студентски дом пред којшто се сликаше Груевски, дека е реновиран.

 

Еве колку е реновиран.

 

Небезбедни услови за живот, испукани ѕидови и подови, полни со лебарки, скршени прозорци, тоалети со испукани цевки, паднати и расипани тушеви, менза од којашто ужасната дијареа е секојдневие...

Собите во коишто учат студентите се полни со влага. Од прозорците што не се искршени, дува од сите страни. На креветите едвај се спие.

Стотици млади овде живеат во овие мизерни услови.

Зошто има пари за Панорамско тркало, а нема за целосна реконструкција на студентскиот дом Стив Наумов?

Зошто милионски споменици, фонтани, галии и палми се поголем приоритет од мизерниот студентски живот овде?

Зошто, знаете само вие од власта.

Ние велиме, еве, затоа, младите ја напуштаат Македонија.

Илузии се развиената економија за којашто ни говори Иванов и супер условите за студирање што ги наведува студентскиот лидер Кирил Спироски.

СДММ бара итна пренамена на парите за камен, кон животот на младите.

За почеток, Иванов, Груевски, Спиро Ристовски, нека дојдат да поминат една ноќ во студенсткиот дом Стив Наумов.

 

 

среда, 01 октомври 2014



СДСМ