Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Еден од најпрепознатливите туристички градови во Македонија и на Балканот, Крушево, се соочува со катастрофална инфраструктура.
Младите социјалдемократи од Крушево алармираат за лошите улици. Полни се со дупки.
Дупките по улиците се толку длабоки што во нив може да биде засадено и растение.
Оваа активност на СДММ Крушево има за цел да ја поттикне општинската власт да ги решава реалните проблеми на граѓаните.
Додека општинската власт на ВМРО – ДПМНЕ на непродуктивен начин ги троши парите на граѓаните, се задолжуваат да си купат ново возило, голем број крушевчани и туристи возат по овие улици.
Власта троши 500 илјади евра народни пари, за реклами за безбедност во сообраќајот, а улиците во Крушево претставуваат директна закана за животот на граѓаните.

