E - Информатор

Активности

СДММ во домот за стари лица во Куманово: Потребна е поголема почит и грижа

 

Младите на СДММ во Куманово денеска го поминаа денот во Домот за стари лица “Зафир Сајто“.

Денешната посета по повод 1-ви Октомври, Меѓународниот ден на постарите лица, е со цел да испрати порака дека не постојат граници во возраста кога станува збор за меѓусебното почитување.

Со слатки и низ друштвени игри гостите и домаќините разговараа за младоста, за животот, за мудроста.

-Оваа наша посета е потсетување кон општеството дека и вие сте дел од нашето секојдневие и дека не само на овој ден, туку секојдневно треба да посветуваме внимание и грижа кон вашите потреби, што утре ќе бидат потреби на секој од нас, рече Емил Ташевски, член на ИО на СДММ Куманово. 

 

 

среда, 01 октомври 2014



СДСМ