E - Информатор

Активности

Недела на спортот - хуманитарно-спортска активност на младите од Штип

Прес конференција, СДММ
Никола Рилак, Претседател на ЛК  СДММ Штип
Штип, 05.09.2014
 

Почитувани,

Локалниот клуб на СДММ Штип традиционално организира Недела на спортот со којашто го одбележува денот на независноста на Република Македонија. Оваа година нашата активност ќе има и хуманитарен карактер, средствата собрани од оваа активност ќе бидат донирани на нашите сограѓани Олгица Тодоровска и Иван Стојанов.

 

Спортската недела започнува на 05 септември со турнирот во табла што ќе се одржи во просториите на ОО СДСМ Штип.

На 06 септември во дворот на гимназијата Славчо Стојменски ќе се дружиме преку натпреварите од турнирот во баскет, а неделата на спортот ќе ја завршиме со турнирот во мал фудбал што ќе се одржи во СРЦ Џексон.

Во оваа прилика ги повикуваме сите љубители на спортот без разлика на нивната национална, политичка или верска припадност да ја покажат својата хуманост и активно  да земат учество во оваа  хуманитарно - спортска активност.

Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит 8-ми септември, денот кога Република Македонија избра независност, самостојност и сувереност.

петок, 05 септември 2014



СДСМ