E - Информатор

Активности

СДММ на Конференција за социјалдемократија во Белград‏

Соопштение за јавноста
 

Почитувани,

Во периодот од 11 до 13 јули, во Белград (Србија) се одржува младинска конференција на тема: „Иднината на социјалдемократијата на Балканот”, во организација на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци).

На конференцијата, учествува и Социјалдемократската младина на Македонија, преку своите претставници Рената Јајоска, член на Извршниот одбор на СДММ и Сенад Смаиловиќ, организационен секретар на СДММ.

На конференцијата се дефинираат заедничките предизвици на младите социјалдемократи, како што се справувањето со младинската невработеност и состојбата со работничките права.

Исто така, ќе се дебатира и за правата на малцинските групи и за родовата еднаквост, како важни општествени прашања на коишто треба да се посвети значително поголемо внимание од страна на државите.


Скопје, 11.07.2014 год.

петок, 11 јули 2014



СДСМ