E - Информатор

Активности

Започна младинскиот летен камп на СДММ

Соопштение за јавноста


Почитувани,

Денеска, во Охрид, започна традиционалниот, седми по ред, летен камп на Социјалдемократската младина на Македонија.

Кампот го отвори претседателот на СДММ, Стефан Богоев, кој на младите им посака успешна работа, низ која ќе другаруваат и ќе стекнуваат нови вештини.

На летниот камп, учествуваат повеќе од 90 млади социјалдемократи од цела Македонија, кои во наредните четири дена ќе работат во три работни групи: “Нови медиуми”, “Техники за дебата” и “Родови прашања”.  Ќе се организираат голем број на работилници за практична примена на стекнатите вештини од страна на учесниците.

Гостин на летниот камп ќе биде претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и други претставници на партиското раководство, кои ќе одржат интерактивни дебати со учесниците.

СДММ во континуитет ја промовира социјалдемократската идеја. Преку другарување и учење, споделување и слушање, да се вратат базичните вредности на кои се темели ова општество, слободата, еднаквоста и демократијата.

Летниот камп е во организација на СДММ, во соработка со Институтот за социјална демократија “Прогрес”, а со поддршка од фондацијата “Макс Ван Дер Штул” од Холандија и Фондацијата “Фридрих Еберт” од Германија-канцеларија во Скопје.

 

четврток, 03 јули 2014



СДСМ