E - Информатор

Активности

СДММ на регионална Конференција за младинска невработеност

Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија, предводена од секретарот Трајче Нешковски и потпретседателот Дарко Каевски, учествува на регионална Конференција за млади што овој викенд се одржува во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Конференцијата на тема “Одговор на социјалната демократија за невработените млади и политичките вработувања” е во организација на Млади социјалдемократи (БиХ) а учествуваат претставници од сестринските подмладоци на СДММ од Балканот.

Претставници на младите социјалдемократи и социјалисти од регионот имаа свои обраќања при што се посочуваа проблемите на младите и се предлагаа можни решенија за младинската невработеност и влијанието на политиката во земјите од каде што доаѓаат.

За решавање на големата невработеност и ослободување на младите од политичките стеги, Нешковски предложи мерки за младите во Македонија, кои се интегрирани и во Програмата на СДСМ: гаранцијата за млади, проектот “Летна пракса”, програмата за практикантство, како и мерки за ослободување од давачки на работодавачите, кои ќе вработат млади луѓе.

 

недела, 15 јуни 2014



СДСМ