E - Информатор

Активности

Младите од Гостивар со донации за настраданите граѓани од поплавите во Србија и БиХ

Соопштение за јавноста

 

Почитувани,

Локалниот клуб на СДММ Гостивар организираше хуманитарна активност во рамките на која беа собрани различни продукти со цел да се помогне на настраданите граѓани од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Донациите беа доставени до подрачната единица на Црвениот крст, а истите ќе бидат транспортирани до загрозените места.

Младите социјалдемократи повикуваат на хуманост и солидарност, како и донација преку телефонскиот број 143-400.


Социјалдемократска младина на Македонија

 

 

среда, 21 мај 2014



СДСМ